Свет
25. July 2015 - 12:23

Необјавени фотографии: На Буш дознава за терористичките напади од 11 септември

Американскиот архив неодамна објави фотографии, снимени неколку минити откако американската администрација на тогашниот американски претседател Џорџ Буш дознала за терористичкиот напад на Њујорк и Пентагон на 11 септември 2001 година.

Сликите кои ги објави Американскиот архив ја прикажуваат средбата на Буш со претставници на својот кабинет и центарот за итни операции во Белата куќа неколку часа по терористичкиот напад.

На фотографиите стари речиси 14 години, освен Џорџ Буш и тогашниот потпретседател Дик Џејни, се гледаат и државниот секретар во Стејт Департментот Колин Пауел и советничката за национална безбедност Кондолиза Рајс.

Инаку во терористичките напади во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија каде се урна авионот на летот 93 со кој терористите требаше да се удрат во Белата куќа загинаа околу 3.000 луѓе.

Драматичните настани кои следуваа по тој датум ја одбележаа деценијата од почетокот на 21 век, а последниците од тоа секојдневно се уште ги има во медиумите.

По нападите на Њујорк и Вашингтон, САД покренаа глобална војна против тероризмт и Ал Каеда чиј лидер Осама Бин Ладен е убиен во Пакистан 10 години подоцна, во 2011 година.

За само две години од терористичкиот напад Америка ширум светото отвори неколку фронтови од кои најзначајни се оние во Авганистан и Ирак, каде војната се уште трае.

Исто такак политичката и безбедносната карта на светот е прилично изменета.