Ненадејно починал шефот на руското воено разузнавање Игор Сергун

Шефот на главната руска разузнавачка служба Игор Сергун ненадејно починал во 58-та година од животот, информира вчера руското Министерство за одбрана, пренесува Танјуг.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Сергун починал во неделата, но не се наведени детали за причината на смртта, ниту за местото каде починал, пренесуваат американските медиуми.
Се верува дека воената разузнавачка служба, попозната по скратеницата ГРУ, е најголемата руска надворешна разузнавачка служба, наведуваат американските медиуми.
Сергун на чело на ГРУ беше именуван во 2011 година, а претходно бил руски воен аташе во Тирана, во Албанија.
Рускиот претседател Владимир Путин упути изрази со сочуство до неговото семејство, во кое наведе дека колегите и подредените го знаеле како вистински воен офицер, искусен и компетентен командант, многу храбар човек и вистински патриот и го почитувале неговиот професионализам, силен карактер, чесност и пристојност, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
