Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија

Силна бура во австралиската држава Викторија предизвика ненадејни поплави денеска, принудувајќи го затворањето на познатиот океански пат, носејќи автомобили во морето и оставајќи илјадници луѓе без струја.
Властите издадоа предупредување за градовите по должината на океанскиот пат, популарна туристичка дестинација позната по своите живописни погледи, и ги повикаа жителите да се иселат во затворени простории и подалеку од поплавните води.
Локалните медиуми објавија дека автомобилите биле однесени во океанот, а 6.500 домови останале без струја.
Спасувачките екипи им помагале на луѓето заглавени во возилата откако камповите биле поплавени, изјави Државната служба за вонредни ситуации за Еј-Би-Си Радио Мелбурн.
Бирото за метеорологија регистрираше 166 милиметри дожд до 9 часот наутро во блиската област Маунт Каули.
Бурата се случи неколку дена откако истиот океански пат беше затворен поради пожари што избувнаа поради интензивниот летен топлотен бран.
МИА
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
