-->
-->
Немирна ноќ во Неготино и Кавадарци, полицијата интервенираше двапати
-->

Тепачка се случила доцна синоќа во Неготино, а физички напад рано изутринава во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Синоќа околу 22.30 часот во Неготино на улица „Ацо Аџи – Илов“ бил нарушен јавниот ред и мир со викање и тепачка меѓу лицата И.А.(42) и М.В.(42), двајцата од Неготино, поради недоразбирање за паркинг место. По документирање на случајот против лицата ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски.
Утрово, пак, во 4.10 часот во Полициската станица Кавадарци, М.Д.(31) од Кавадарци пријавил дека околу 3.50 часот на улица „Цано Поп – Ристов“ бил физички нападнат од сограѓанинот Б.Ч.(27).
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Додевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
