Нема владина одлука за поскапување на струјата
Нема владина одлука за поскапување на струјата, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во соопштението, Кабинетот на Анѓушев наведува и дека Владата не одлучува за цената на струјата.
Воедно информира дека новиот закон за енергетика веќе се подготвува, а клучната цел е заштита на интересите на граѓаните. Законот е реформски, со него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе се определат правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.
- Новата законска рамка содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години, а нејзината крајна цел е, како што се наведува во соопштението. Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставува сет директиви и регулативи на Европската унија. Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија, наведува Кабинетот на Анѓушев.
Во соопштението стои и дека со имплементација на законот, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро