Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките Ковид капацитети зголемени за 50%

Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на КОВИД пацинети се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на КОВИД болни.
Ова е заклучокот од денешната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на КОВИД центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава.
Според епидемилозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети.
-Доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети, наведува Министрството.
Ситуацијата и натаму ќе се следи и според тоа, ако е потребно, соодветно ќе се дејствува, а членовите на Комисијата за заразни болести кои се во секојдневна координација и комуникација, во текот на неделата ќе одржат состанок.
Ново на Сител
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
