Нема одложување на обврската за камери во возилата на авто школите

Собранието во рамките на денешната работа по дневниот ред на 92-та седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, поднесен од пратениците од ДУИ и заклучи дека е неприфатлив.
Со предлогот, како што информира Талат Џафери од ДУИ, се бараше за една година да се одложи рокот за поставување камери преку кои автошколите ќе ја снимаат обуката и полагањето на возачкиот испит.
Како што посочи, најголем дел од автошколи побарале да се одложи примената на одредбите од Законот врзани со условите што треба да ги исполнуваат авто школите, во делот на видео надзорот во центрите за обука и во возилата.
Претникот Томислав Тунтев од СДСМ рече дека и опозицијата ќе го поддржи ова законско решение, бидејќи, како што рече, не е логично да се снимаат разговорите за време на практичната обука за полагање на возачкиот испит. Не е возможно, додаде, да се чуваат и архивираат толку снимени материјали од теоретскиот и практичниот дел од обуката за возач.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
