Нема конечно решение од средбата меѓу угостителите и музичарите и Владата
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.
На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.
После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат и дека во периодот којшто следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.
Заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.
Ново на Сител
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
-

Од почетокот на енергетската криза бензините поскапеа за 18.5, а дизелот за 27.5 денари
-

Мицкоски за истрагата за унгарскиот заем од Маѓар: Коментарите се дека кредитот бил многу поволен за нас
