Нема инвестиции без НАТО и ЕУ, или Мицкоски зборува за инвестициите на Груевски во Белизе

За какви странски инвестиции зборува Мицкоски кога сака земјава да ја врати назад во изолација, кога работи против Договорот од Преспа, НАТО и ЕУ?
Нема инвестиции без НАТО и без ЕУ, без Договорот од Преспа. Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира безбедноста и сигурноста на странските инвестиции.
Или Мицкоски мисли на враќање назад на инвестициите на неговиот шеф Груевски во Белизе, во оф шор компании на рајски острови за повторно да исмпупуваат пари од граѓаните?
Со кое лице Христијан Мицкоски како партиски секретар на најголемиот криминалец Никола Груевски, како негов советник, послушник и извршител зборува за чест и углед?
Не може Мицкоски за чест и углед да зборуваш а да го браниш криминалот на Никола Груевски.
Додека Мицкоски од Груевски го доби бизнисот за своите хидроцентрали, ја поскапе струјата за граѓаните за 100% кога беше директор на ЕСМ.
Ги паметат граѓаните грабежите, осиромашувањето, земањето од сите, од земјоделците на кои не им исплаќаше субвенции, грабањето преку криминалниот проект Скопје 2014 .
Тоа време заврши и враќање назад нема.
СДСМ за само 2,5 години има неколкукратно подобри резултати на буквално сите економски сфери, споредбено со 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Од -1.8% во време на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ растот БДП достигна до +4.1%!
За само 2.5 години СДСМ ја зголеми просечната плата за 3.000 денари.
СДСМ ја покачи минималната плата за 60 отсто и изнесува 14.500 денари.
Со СДСМ, за само 2,5 години просечната пензија е за над 1.700 денари повисока споредбено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Отворивме нови 60.000 работни места, а стапката на невработеност ја намаливме на историски најниски 17.1 отсо.
Социјалната помош СДСМ ја покачи драстично, до 300%. Концептот парите назад кај граѓаните е целосно реализиран, трошоците се намалуваат а се повеќе пари остануваат кај граѓаните. А граѓаните тоа многу добро го знаат.
Затоа Мицкоски нека се подготви за убедлив пораз на 12 април!
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
