Неколку илјади дози вакцини против Ковид-19 пристигнаа во Венецуела од Русија

Неколку илјади дози вакцина и лекови против Ковид-19 од руско производство пристигнаа во Венецуела, соопшти претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
„Антивирусниот лек „фавипиравир “ пристигна од Русија. Илјадници дози пристигнаа од Русија за да спасат животи“, рече Мадуро, додавајќи дека овој лек е особено ефикасен за лекување на пациенти во тешка состојба.
Според Мадуро, лекот ќе биде бесплатен за Венецуела.
На почетокот на октомври, Русија ја испрати првата тура вакцини „Спутник V“ во Венецуела. Според властите на Венецуела, републиката ќе учествува во третиот дел од тестирањето на вакцината и исто така планира да почне со производство.
На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина потив Ковид-19, „Спутник V“ развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
