Нејмар успешно опериран

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го оперираше левото колено, соопшти денеска неговиот клуб Сантос.
Нејмар беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус.
„Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, се наведува во клупското соопштение.
Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар.
Бразилецот наскоро ќе биде пуштен од болница и ќе почне со процесот на рехабилитација.
Се очекува Нејмар да ги пропушти претсезонските подготовки на Сантос, што ќр продолжат на 3 јануари.
Нејмар ја почна својата кариера во Сантос и се врати во клубот од детството во јануари оваа година. Тој постигна 11 голови на 28 настапи, играјќи клучна улога во обезбедувањето на прволигашкиот статус во бразилското првенство.
Неговиот договор истекува на крајот од годината, но раководството на клубот посочи дека ќе се обиде да го задржи.
Нејмар е најдобар стрелец на сите времиња на бразилската репрезентација со 79 голови, два повеќе од Пеле, но нема настап за националниот тим од 17 октомври 2023 година, кога го поведи коленото против Уругвај.
Новиот селектор на Бразил, Карло Анчелоти, кој седна на клупата во јуни годинава, сè уште не го повикал Нејмар во репрезентацијата.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
