-->
-->
Неизвесна завршница на Светска лига
-->
Во Бразил се одржува завршницата на Светската одбојкарска лига.
Во рамките од група 1 селекцијата на Канада убедливо ја победи Русија 3:0 во сетови. Иако првите два сета не најавуваа дека тоа ќе биде убедлива победа на Канаѓаните, кои истите ги добија со 25-23, 29-27, сепак во третиот Русите како да се откажаа па освоија само 17 поени (25-17)
Така вечерва дуелот меѓу домаќинот Бразил и Русија ќе решава да конечниот редослед на табелата во оваа конкуренција во која Кариоките во првиот меч беа подобри од Канаѓаните со 3-1, па дури и пораз од 1-3 ќе им обезбеди пласман на Бразилците меѓу четирите најдобри.
Во втората група, Американците ги надиграа Србите на кои им препуштија само еден сет, третиот со 19-25. Останатите три им припаднаа на Американците со 25-22, 25-23 и 25-22.
Имајќи во предвид дека селекцијата на САД во првиот меч загуби од Франција со 3-2, така вечерва дуелот меѓу Србија и Франција, ќе решава кои две селекции од оваа група ќе ги освојат првите две позиции кои носат пласман во полуфиналето, закажано за утре, додека ден подоцна на програмата се дуелите за пласман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот