Неисправна водата за пиење во Македонска Каменица
Резултатите од анализите направени на водата од водоснабдителниот систем во Македонска Каменица покажале дека водата не е исправна за пиење и оти треба да се користи како техничка вода.

Според информацијата од ЈП „Камена Река“, резултатите од испитувањата направени од Центарот за јавно здравје, водата во Македонска Каменица одговара на втора класа од Уредбата за класификација на водите што значи дека може да се користи и за пиење, со претходна обработка - превривање.
ЈП Камена река препорачува од превентивни причини водата да се користи како техничка вода.
- Поради долготрајниот сушен период, речиси, целосно е прекинат дотокот на вода од Горештица и Моштичка Река и вода ќе се зафаќа од други извори. Водата во Македонска Каменица ќе се испитува во целиот овој период до стабилизација на состојбата, а граѓаните ќе добиваат секојдневни и навремени информации, кон кои треба да се придржуваат. Јавното претпријатие „Камена река“ уште еднаш упатува апел за рационално користење на водените ресурси со што сите заеднички ќе придонесеме за надминување и решавање на проблемот и да се стави крај на ширењето дезинформации заради остварување политички поени, истакнуваат од ЈП „Камена река“.
Од почетокот на месецов јавното претпријатие воведе и рестрикција на користење на водата во Македонска Каменица со што дневно во времетраење од четири часа беше сопирана по одредени реони од Македонска Каменица, по одреден распоред.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
