Негувателка од пеколот: Силувала старци во старечки дом
Британката Кристин Сети (25) е осудена на 10 години робија затоа што сексуално злоставувала сенилни штитеници на Старечки дом за кои требало да се грижи и сето тоа го снимала со камера.
Сети работела во Дом за стари лица во округот Девој и често се пријавувала за ноќни смени. Утврдено е дека во тоа време сексуално напасувувала тројца станари од домот, а видео снимките кои траат по седум ипол минути му ги праќала на своето момче. На сослушувањето во полиција изјавила дека тоа го правела зошто така сексуално се возбудувало нејзиното момче.
Полицијата дошла до видео снимките од изживувањето на Сети над две баби и еден дедо, стари дури 101 година. Нив тројца посебно биле одбрани зошто боледувале од деменција и поради здравствената состојба не можеле да се сетат на злоставувањето и да ја пријават.
-Таа точно знаеше која е болеста на нејзините жртви, рече тужителката Кели Скривенер.
Снимила како три пати ја злоставува првата старица болна од Алцајмерова болест, во текот на една смена. Кога завршила снимила и како со прстот и кружи по усните и ја прашува „Како ти годи ова?“. Кутрата старица почнала да се жали, но Сити ја замолчала.
Другата старица која ја злостаувала имала исто така Алцхајмер и дури 101 година. Третата жртва бил слеп дедо, чија сопруга низ солзи слушала во судницата како чудовиште од негувателка се изживувала врз него.
Инцидентите се случиле од јануари 2014 години до мај 2015 и никогаш не би било откриено ако Сети не го продадеше компјутерот. Таа иако ги избришала сите овие снимки, купувачот пронашол фотографии кои ги предал на полицијата.
Ново на Сител
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути