Неделава оглас за вградување плински уреди во возилата

Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Одговарајќи на новинарско прашање во Владата, министерот Бектеши рече дека јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани.
Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети.
– За овие мерки важи принципот „прв дојден, прв услужен“ и затоа апелирам до граѓаните навремено да аплицираат до Министерството за економија, истакна Бектеши.
За најавените субвенции за набавка на возила, Бектеши рече дека се разгледуваат неколку опции и оти во работната група покрај претставници од надлежните институции, се вклучени и претставници од увзониците на нови возила. За оваа мерка нема да важи принципот „прв дојден, прв услужен“.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
