Недела на археологијата од 18. до 22 октомври

Во Археолошкиот музеј на Македонија од 18. до 22 октомври ќе биде одржана манифестацијата Недела на археологијата, посветена на годишнината од отворањето на новиот објект музејот и деведесет и една година од постоењето на оваа институција.
Неделата на археологијата ќе почне на 18. октомври со слободен влез за посетителите. Официјалното отворање на манифестацијата ќе бид со изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“ на 19. октомври во 19.00 часот. Преку документарна и техничка изложба ќе се се презентираат локалитетите Голема Пешт – Здуње, Тумба Маџари, Пилаво – Бурилчево, Димов Гроб – Уланци, Дедели, Демир Капија, Исар Марвинци, Виничко Кале – Виница, Мородвис и Стоби, кои се истражувани со децении, а претставуваат стожер на кој се градеше Археолошкиот музеј и се формираа музејските колекции. На изложбата ќе бидат претставени најрепрезентативните предмети од тие локалитети и археолошка теренска документација, дневници, технички цртежи, фотографии и алат користени за време на археолошките истражувања.
Меѓу другото, целта на изложбата е да се претстават најзначајните научно-истражувачки проекти кои Археолошкиот музеј на Македонија ги водеше со децении наназад. Така на 20. октомври ќе се одржат низа на презентации поврзани со сите значајни проекти на споменатите локалитети, во кои кустосите носители на збирките во Археолошкиот музеј на Македонија ќе претстават кус преглед за историјатот на локалитетите, историјатот на истражувањата, најзначајните археолошки откритија, како и за карактерот и значењето на овие локалитети за македонската археологија.
Третиот ден од манифестацијата ќе биде посветен на неодамна починатиот д-р Драгиша Здравковски, кустос советник во Археолошкиот музеј на Македонија. Во чест на неговата работа и дело, ќе се одржи сесија на предавања за неолитот во Македонија и Бугарија.
Последниот ден од манифестацијата е посветен на Лапидариумот во Археолошки музеј на Македонија, со изложба која го прикажува историјатот на иницијалната и најстара збирка на Археолошкиот музеј.
Ново на Сител
-

Human rights watch: Пресудите за Тачи и други лидери на ОВК се важен чекор кон правдата
-

Наезда на глувци и стаорци кај „Буњаковец“ – граѓани алармираат за „живи и мртви“ глодари
-

Уапсен 36-годишник, превезувал над 1000 парчиња криумчарена стока | ФОТО
-

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита, сертификација и промоција
-

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
