Второто место му припадна на возачот на Ред Бул Макс Верстапен со 1,281 секунди заостанување, а трет беше возачот на Мерцедес Луис Хамилтон со 2,342 секунди заостанување зад победникот.
Не знае што го снајде: Раиконен среќен поради победата во Остин
Возачот на Ферари Кими Раиконен рече дека е среќен поради синоќешната победа во Формула 1 трката за Големата награда на САД, прва од март 2013 година.
„Бевме доволн о брзи и бевме константни. Помина долго, но пак сум тука“, рече Раиконен, кој делуваше речиси рамнодушно по трката.
„Многу сум посреќен отколку да завршев на второ место. Среќен сум. Можеби најголемите се посреќни, ама ова беше одличен викенд, болидот беше константно добар. Добро стартував, возев најдобро што можев, а на крајот гумите не беа во најдобра состојба. Макс го имаше истиот проблем, како и Луис, но бевме доволно брзи, рече Раиконен.
Ова е негова прва победа од 2013 година и трката во Австралија. Ја славепе 21. победа во кариерата. Победи со резултатот еден час, 34 минути, 18,643 секунди.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија