Не ви стигаат или ви доцнат пораките на Вибер - ова е решението
Конечно решение за проблемот со кој се соочуваат голем број корисници на Вибер
Доколку Вибер звукот не ви се слуша при дојдовна порака потребно е да отворите Settings, па да влезете во менито Applications.
Пронајдете Вибер и влезете во поддесување на апликацијата. Во опцијата на тоа мени побарајте Notifications и ќе се најдете во ново мени, во склоп на кое треба да означите Allow
Notifications, а да исклучите Show Silently.
Можно е на вашиот модел да бидат и опциите Ringtone i Vibrate кои што исто така треба да бидат вклучени.
После ова би требало да ги добивате известувањата од Вибер.
Од друга страна доколку пораките не ги добивате воопшто додека не влезете физички во Вибер апликацијата, време е да ги промените поддесувањата на системот.
Новата верзија на оперативниот систем Андроид има опција за заштеда на батеријата па ги гаси позадинските процеси при заклучување на екранот или по одредено време. Доколку сакате можете да ги промените поддесувањата така што Вибер ќе остане вклучен секогаш, а со тоа ќе го отстраните и тој „проблем“ со доцнењето на пораките.
Прво пробајте дали во самата апликација на Вибер е вклучена или треба да ја вклучите опцијата Вибер да работи секогаш на Wi-Fi мрежа. Одете во Settings па во General, каде ќе ја
пронајдете Wi-Fi – Sleep policy опцијата. Влезете тука и откачете го првото кругче и потврдете ја опцијата со Always connected.
На тој начин Вибер нема да се успива со мирувањето на телефонот без оглед дали ќе биде заклучен екранот или не.
Друга опција е да пробате со системот на телефонот, во менито Apps или Notofications да овозможите сите Вибер известувања и работата на апликацијата биде вклучена во позадина на телефонот.
Ова на некои телефони (зависи од моделот и производителот) се наоѓа во делот на Battery менито, подменито Launch apps и слично.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани