Не стивнуваат судирите во Нагорно Карабах, ниту взаемните обвинувања
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили го гранатирале Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах, а на Фејсбук објави видео од последиците од тоа гранатирање.
На видеото се гледаат кратери по експлозија на гранати, урнатини на згради, автомобили закопани во урнатините.
Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирање. Речиси сите жители ги напуштија градовите во Карабах, кои се на линијата на контакт со вооружените сили на Азербејџан.
Од Азербејџан, пристигнуваат поинакви информации за тековниот конфликт околу Нагорно Карабах. Ракетите летаат од Степанакерт кон азербејџанските градови, Баку одговара на огнот, тврди денеска Министерството за одбрана на Азербејџа,појаснувајќи дека е извршен ракетен напад од територијата на Степанакерт врз азербејџанските градови Тертер и Хорадиз, кои граничат со Нагорно Карабах.
„Во моментов, ерменските вооружени сили од територијата на Ханкенди (Степанакерт) истрелуваат ракети кон градот Тертер и градот Хорадиз во областа Фузули“, се вели во соопштението.
Министерството вели азербејџанската армија „презема соодветни мерки“.
Официјални лица од Нагорно Карабах соопштија дека досега се убиени над нивни 150 војници Азербејџанските власти не дадоа детали за нивните воени жртви, но соопштија дека биле убиени 19 цивили и уште 55 ранети.
Вахрам Погосијан, портпарол на претседателот на Нагорно Карабах, вчера на Фејсбук напиша дека разузнавачките податоци покажуваат дека околу 3.000 Азербејџанци загинале во борбите, но не даде детали.
Ново на Сител
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
