НЕ САКААТ ПЛАТА ОД 940 ЕВРА: Oдиме таму каде даваат 3500 евра

Хрватските работодавачи имаат недостиг од работници, а тоа посебно се чувствува во текот на летото.
Заводот за вработување во Карловац започна со преквалификација меѓутоа голем дел од работниците одат во странство каде се многу поплатени.
Како што информира Фактор, Заводот уплатил преквалификација на 15 заварувачи, но еден од нив веќе планира да замине во Италија.
Иако сум сообраќаен инженер, овде го завршив образованието, сепак планирам да одам во Италија каде веже се некои од моите познаници“ – вели Никола Паџер за Lokalni.hr.
Тој додава и дека еден заварувач во Хрватска може да заработи 940 евра месечно, а во Италија за само еден час работа се заработува по 15 евра – месечно тоа е сума од 3.500 евра.
Никола напоменува дека се работи за голема разлика, а ова занимање заедно со негувателтие и обезбедувачите се едни од најбараните во Италија.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
