-->
-->
НБРМ: Раст на депозитите и на кредитната поддршка и во текот на август
-->
Вкупните депозити во Република Северна Македонија бележат годишен раст од 5,2 проценти. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка.
При раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен е кај секторот „домаќинства“.
–Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 проценти, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за „Еуростандард банка“ АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 отсто, соодветно, информираат од НБРСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата