НБРМ организираше работилница за финансиската технологија ФинТек
Внимателно го следиме развојот на финансиската технологија ФинТек, проценувајќи ги придобивките и ризиците што тие ги носат и се обидуваме да го постигнеме оптималниот бенефит, имајќи го предвид локалниот контекст, истакнала гувернерката на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) Анита Ангеловска-Бежоска во обраќањето на работилницата за ФинТек што вчера ја реализираше НБРМ.
Ангеловска - Бежоска укажала дека важен чекор во оваа насока е нацрт-законот за плаќања, што се очекува да обезбеди импулс за нови иновативни компании со иновативни, но безбедни финансиски услуги.
Како што соопшти НБРМ, на работилницата дел од стручните лица на централната банка подетално се запознавале со новата финансиска индустрија и било анализирано колку е актуелно ова прашање во глобални рамки и какви се досегашните искуства на земјите каде што има развиена ФинТек индустрија и во земјите во развој.
Народната банка на РМ, ја организираше работилницата со поддршка од Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ).
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата