НБА: Шампионот со победа во Торонто
Кошаркарите на Голден стејт Вориорс направија брејк во Торонто и го израмнија резултатот во финалната серија на 1-1. Вориорс вториот меч во Торонто, против Репторс го добија со 109:104.
Актуелните шампиони, одиграа фуриозна трета четвртина, а најважниот момент беше нивната серија со 18:0, со која ја престигнаа предноста на противникот од 12 поени. Клучните поени ги постигна ветеранот Андре Игудала, тој на шест секунди до крајот постигна тројка за 109:104.
Клеј Томпсон кој не го заврши мечот поради повреда го предводеше тимот со 25 поени, Стеф кари уфрли 13, Дрејмонд Грин забележа 17 поени, 10 скока и 9 асистенции, а ДеМаркус Казинс се врати со 11 поени и 10 скока.
Кај Репторс најефикасен беше Каваи Ленард со 34 поени и 14 скока, Фред Венвилт постигна 17, а Кајл Лаури 13 поени.
Следниот натпревар се игра в четврток во Оукленд.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ