НБА: Прво финале за Торонто
Кошаркарите на Торонто Репторс ја освоија титулата во Источната конференција, во НБА лигата. Репторс финалната серија против Милвоки Бакс ја добија со 4-2. Шестиот меч им припадна на Торонто со 100:94. За клубот што е основан ов 1995 година ова е прв пласман во големото финале.
Каваи Ленард, во својата прва сезона во дресот на Торонто, успеа да го однесе тимот до големото финале, каде Репторс ќе играат против Голден стејт Вориорс. Серијата за титулата ќе започне в среда.
Милвоки не успеаја да победат иако имаа 13 поени предност во првата четвртина (18:31) и +15 во средишницата на третиот квартал (61:75). Торонто предводени од Ленард и Кајл Лаури, Торонто со серија 26:3 направија пресврт.
Ленард, иако немаше добар процент на реализација, доминираше во клучните моменти од натпреварот. Тој на крајот забележа 27 поени, 17 скока и 7 асистенции. Кајл Лаури постигна 17 поени на кои придодаде 5 скока и 8 асистенции, а Паскал Сијакам уфрли 18 поени.
Кај Милвоки се истакнаа Јанис Адетокумбо со 21 поен, 11 скока и 4 асистенции, односно Брук Лопез со 18 поени, 9 скока и 3 блокади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето