-->
-->
НБА плеј оф: Голден Стејт победи и без Кари
-->
Екипата на Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен во првото коло од плеј офот откако и во натпреварот број 2 одигран ноќеска пред своите навивачи го совлада Хјустон со 115:106. Поради повредата добиена на првиот дуел за шампионот Голден Стејт не играше Стеф Кари, а во негово отсуство најефикасен беше Клеј Томсон со 34 поени. Голден Стејт има водство од 2-0 во победи.
Победа на гости постигна Далас со 85:84 совладувајќи ја Оклахома Сити. Во последните секунди домаќинот испушти победа Кевин Дјурант и Расел Вестбрук не реализираа, а кошот на Стивен Адамс беше постигнат по истекот на времето. Најдобар играч на дуелот беше Рејмонд Фелтон од Далас со 21 поен и 11 скокови. Далас со триумфот изедначи во серијата на 1-1 во победи.
Првата плеј оф победа оваа сезона ја оствари и Тороното откако на домашен терен ја совлада Индијана со 98:87 и резултатот во победи е 1-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ