НБА: Милвоки поведе против Торонто
Кошаркарите на Милвоки бакс водат со 1-0 во финалната серија, во Источната конференција во НБА-лигата. Тие пред своите навивачи го победија Торонто репторс, 108:100.
Торонто репторс направи од готово вересија во Милвоки. Играчите на Торонто имаа предност во најголемиот дел од натпреварот, водеа со 12 поени во еден момент, но нивната игра се распадна во финишот.
На три и пол минути до крајот Репторси имаа предност, 98:100, но до последниот звук на сирената не постигнаа ниту еден кош, а примија десет.
Центарот на Бакс Брук Лопез го одигра најдобриот меч во кариерата, во плеј-офот со 30 поени го предводеше својот тим до победата. Јанис Адетокумбо забележа 24 поени, 14 скока, 6 асистенции и 3 блокади, а Малком Бронгдон уфрли 15 поени.
Најефикасен кај Торонто беше Каваи Ленард со 31 поен, но немаше никаков ефект во последната четвртина. Во второто полувреме Кајл Лаури играше речиси сам, на крајот имаше 30 поени.
Наредниот меч од серијата се игра в сабота од 2:30 часот.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром