-->
-->
НБА лига: Гостински победи за Голден Стејт и Атланта
-->
Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари, а по две победи постигнаа домашните и гостинските екипи. Атланта благодарение на одличната последна четвртина која ја доби со 40:22 победи на гостувањето кај Хјустон. Тими Хардевеј Јуниор со 33 поени и Двајт Хауард со 24 поени и 23 скокови беа најдобри кај победникот, додека Џејмс Харден уфрли 41 поен за Хјустон.
Гостинска победа оствари и Голден Стејт во дуелот со ЛА Клиперс и седми пат сезонава оваа екипа постигнува 133 поени и повеќе. Стеф Кари постигна 29 поени, Кевин Дјурант 26, а Клеј Томсон 21, додека најефикасен беше играчот на ЛА Клиперс Блејк Грифин со 31 поен.
Победи дома остварија Сан Антонио и Вашингтон.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:108,
Хјустон – Атланта 108:113,
Сан Антонио – Филаделфија 102:86 и
ЛА Клиперс – Голден Стејт 120:133.
Пласман Источна конференција: Кливленд 33-15 (победи-порази), Бостон 31-18, Торонто 30-20, Вашингтон 29-20, Атланта 29-21, Индијана 26-22, Чикаго 25-25, Шарлот 23-27,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 43-7, Сан Антонио 38-11, Хјустон 36-17, ЛА Клиперс 31-19, Јута 31-19, Мемфис 30-21, Оклахома Сити 28-22, Портланд 22-28,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг