-->
-->
НБА: Драма во Филаделфија
-->
Драматичната победа на Филаделфија над Минесота, како и победите на Сакраменто, Бостон, Индијана, Сан Антонио и Феникс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Филаделфија ја победи Минесота дури по дополнителните пет минути, со 93:91, иако во третата четвртина имаше позитива од 26 поени. Минесота полека се врати во мечот, а Рики Рубио со тројка избори продолжение.
Последните поени на натпреварот ги постигна Ковингтон, по асистенцијата на Дарио Шариќ, на 1,6 секунди до крајот на продолжението.
Џоел Ембид со 25 поени и Иљасова со 19 ја предводеа Филаделфија, додека кај Минеоста се истакнаа Зек Лавин со 28 поени, односно Карл-Ентони Таунс со 23 поени и 15 скокови.
Сакраменто, предводен од Демаркус Казинс (31 поен) и Дарен колисон (26 поени) го победи Денвер со 120:113. Во тимот на Денвер најефикасни беа европските играчи, Данило Галинари уфрли 24, а Никола Јокиќ 18 поени.
Индијана славеше против Детроит 121:116. Пол Џорџ со 32 поени беше најаефикасен кај победникот, додека Детроит го запиша осумиот пораз на последните десет натпревари.
Ајзеа Томас уфрли 31 поен со кои Бостон ја победи Јута 115:104. Јута до овој пораз имаше низа од четири победи.
Феникс по серијата од 12 порази успеа слави против Мајами 99:91. Претходно Феникс славел над Мајами на 3.ноември 2009 година.
Далас на домашен терен го порази Вашингтон 113:105, додека Сан Антонио во дербито го декласира Торонто 110:82.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава