НБА: Дејвис донесе втора победа за Лејкерси

Лос Анџелес лејкерс го доби вториот натпревар против Денвер со 105:103 во финалната серија на Западот. Лејкерси победија со тројката која Ентони Дејвис ја постигна со звукот на сирената.
Лејкерси во текот на целиот меч имаа предност, меѓутоа не можеа да се одлепат. Во првиот период Лејкерси водеа и со двоцифрена разлика (25:15). На крајот од третиот период Денвер се доближи на само три поени, меѓутоа Лејкерси успеаја во последниот период да се одлепат на 16 коша од противникот.
Финишот на мечот беше исклучително интересен. При водство на Лејкерси, 100:92, Никола Јокиќ постигна 13 поени, а Деневер се најде пред победа (102;103). Сепак, во последниот напад Мејсон Пламли одигра лоша одбрана го остави Дејвис сам кој непречен погоди тројка за конечни 105:103.
Дејвис го предводеше победникот со 31 поен, пет повеќе од Леброн Џејмс, кој имаше и 11 скокови и четири асистенции.
Кај Денвер се истакнаа Јокиќ со 30 поени, шест скока и девет асистенции, односно Џамал Мареј со 25 поени.
Ново на Сител
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
