НБА: Атланта и Лос Анџелес клиперс на чекор до конференциско финале
Екипата на Лос Анџелес клиперс триумфираше синоќа на гостувањето против Јута со 119:111 и поведе со 3:2 во серијата до четири победи во полуфиналето од плејофот на Западот, а на една победа до конференциско финале на Истокот дојдоа и кошаркарите на Атланта со гостински триумф во Филаделфија од 109 :106.
Атланта во петтиот натпревар успеа да се врати од резултатска негатива од дури 26 поени, предводени од Треј Јанг, кој натпреварот го заврши со 39 поени и седум асистенции.
Шестиот натпревар се игра в петок во Атланта.
Триумфот на гостинските екипи синоќа во НБА лигата го комплетираше Лос Анџелес клиперс, предводен од фантастичниот Пол Џорџ, кој постигна 37 поени, додавајќи и 16 скокови.
„Клиперси“ се домаќини на шестиот натпревар што, исто така, е на програмата утре.
Ново на Сител
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат