Навални: Веќе 100 дена пред ќелијата ми пуштаат ист говор на Путин
Најпознатиот руски критичар на власта на Путин, опозиционер и затвореник, Алексеј Навални, се пожали дека бил принуден да го слуша истиот говор од рускиот претседател повеќе од 100 дена по ред. Станува збор за говорот на Путин од февруари годинава, во траење од 1,46 час, а се пушта секој ден пред ќелијата на Навални, пишува Скај Њуз.
Одбележувајќи го 100-от ден од емитувањето на говорот на Путин, Навални соопшти дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот цела 2023 година.
„Кога Путин ќе го одржи своето следно годишно обраќање, и тоа ќе почнат да ни го пуштаат“, рече тој.
Во годинашното обраќање пред Федералното собрание во Москва, Путин кажа дека „специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува војната во Украина, била спроведена со цел „да се елиминира заканата од неонацистичкиот режим“.
Во таа прилика Путин нагласи дека Русија направила „се што можела“ за да ги реши разликите „по мирен пат“ и го обвини Западот дека ја подготвува Украина за „голема војна“, со снабдувањето со оружје.
Навални во моментов отслужува вкупно 11 и пол години затвор, но се соочува и со нови обвиненија за создавање екстремистичка организација. Доколку биде прогласен за виновен во новиот случај против него, може да биде осуден на затворска казна до 30 години.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
