Наумов се сретна со стопанствениците од индустриската зона во Визбегово
Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска се сретна со претставници на Здружението на стопанственици од индустриската зона во Визбегово.
Претставниците на Здружението, како што информира Кабинетот на Наумов, информирале за проблемите со кои се соочуваат компаниите кои се дел од оваа индустриска зона.
- Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година. И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите се уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и канализациска мрежа, како и патна инфраструктура, се вели во соопштението.
Наумов на средбата истакнал дека домашните компании ќе добиваат многу поголема поддршка од страна на државата затоа што, како што се наведува, тие се основа за раст на македонската економија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите