-->
-->
Научник уништи рак на дојка за 11 дена, без хемотерапија
-->

Овие два лека веќе се користат во лекувањето рак на дојката, но ова е првпат да се употребат заедно во комбинација и да се користат пред операција и хемотерапија.
Она што го откриле е дека лековите се во можност да елимираат некои видови рак на дојката за 11 дена.
Истражувањето финансирано од страна на Центарот за истражување на ракот во Велика Британија имало цел да ги користи овие лекови во борба против протеинот наречен ХЕР 2, кој влијае на растот на клетките на ракот.
Она што исто така го прави овој третман привлечен е фактот што ја елиминира потребата за хемотерапија и операција.
Привремените нуспојави, како што се губитокот на коса, повраќањето и заморот, исто така може да се избегнат, што третманот го прави помалку штетен за телото.
Хемотерапијата не е во целост ефикасна, ниту е вистински избор за многу пациенти, така што какви било алтернативи се добредојдени.
Резултатите од студијата
257 жени што биле позитивни на ХЕР 2 се избрани за проучување. Половината се ставени на комбинација на лековите Herceptin и Lapatinib, а другата половина биле користени како резерва.
Во споредба со втората група, на која ѝ е дадено само Herceptin, утврдено е дека 0 отсто од нив немале никакви клетки на рак по само две недели третман, а кај 3 отсто од нив намалена е големината на туморот. Сега е јасно дека двата лека во комбинација имаат поголемо влијание на клетките на ракот на дојката одошто кога тие се користат самостојно.
Проблемот е во тоа што Herceptin, поради лиценцата, не е достапен за хемотерапија.
Иако има уште многу да се направи, истражувачите сметаат дека ова претставува голем чекор во борбата против една од светски најсмртоносните болести.
Се поставува прашањето зошто лековите Herceptin и Lapatinib воопшто се нарекуваат лекови кога нивното лекување кога се користат самостојно е еднакво на нула?!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска