Научници од 30 држави ги открија причините за речиси сите видови на рак

Големото истражување, во кое учествуваа 1.300 генетичари од над 30 земји во светот, е наречено „Комплетна геномска анализа на сите видови рак“.
Според научниците, благодарение на резултатите, лекарите веќе можат да го дијагностицираат ракот во рана фаза на развој. Лекувањето на малигните тумори ќе биде поефикасно и пациентите ќе имаат поголема веројатност да се опорават.
Претходно беше утврдено дека појавата на ракот е мутација во ДНК. Прашањето беше каде и зошто се појавува „грешката“ во генетскиот код, што доведува до развој на туморот.
За време на студијата, научниците успеале да откријат каде точно се наоѓаат главните мутации. Сега тие можат да го наведат нивниот точен број.
Научниците, исто така, откриле и дека развојот на некои видови карциноми може да почне да се појавува десет години пред дијагностицирањето.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
