-->
-->
Натпревар во готвење во МКЦ
-->

Во организација на Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи првиот натпревар во готвење „Мажи vs. жени“, во кој своите вештини ќе ги докажуваат Мирко Попов (ПМГ Рекордингс), диџеј Гоце (САФ), писателката Румена Бужаровска и уметницата Јана Јакимовска.
Натпреварот ќе се одржи на платото пред МКЦ со почеток во 13 часот. Публиката ќе има можност да дегустира и да гласа за најдобриот.
Како што соопшти МКЦ, натпреварот е најава за претстојното, седмо издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“. Посетителите ќе можат да набават билет за овој фестивал по промотивна цена од 500 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
