Натпревар по Хакатон на штипскиот Факултет за информатика
Факултетот за информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип по вторпат е организатор на натпреварот по Хакатон, а во кој учествуваат студенти, но и средношколци од неколку училишта во земјава.
Натпреварувачите имаат за задача да понудат иновации во делот на здравство, за да им се помогне на болните и изнемоштени лица. Деканот на Факултетот за информатика при УГД-Штип, Цвета Мартиновска - Банде вели дека целта е да кај учесниците да се поттикне иновативноста и тимската работа.
- Станува збор за компјутерски апликации, дозволено е да се користат и сензори, мерачи да речеме на шеќер, или мерачи на притисок. ЕКГ и итн, вели Мартиновска-Бенде.
Студентката на Факултетот за информатика, Симона Атанасова вели дека натреварот ќе им помогне да го применат стекнато знаење во делот на програмирањето.
- Јас и некои мои колеги учествуваме на минатиот Хакатон и изработивме апликација се што е поврзано со студентскиот живот, вели Атанасова.
Во натпреварот учествуваат седум тимови, од кои три се од студенти на Факултетот за информатика, а останатите се од средните општински училишта од Кочани, Штип, Крива Паланка и од Кавадарци. Штипскиот универзитет обезбеди и парични награди за најдобрите иновации, од кои првата за студентската апликација наградата е во износ од 50.000 денари, за средношколскиот тим 20.000 денари и третата награда е 5.000 денари. Хакатонот завршува утре, кога ќе бидат и прогласени победниците.
Ново на Сител
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово
-
Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна