НАТО и „Боинг“ потпишаа спогодба од една милијарда долари
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и претседателот на „Боинг Интернешнл“, Сер Мајкл Артур денеска потпишаа нов договор во висина од една милијарда долари за модернизирање на разузнавачката флота на Алијансата.
Станува збор за четврта надградба на тој тип авиони на НАТО откако првпат беше склучен договорот со „Боинг“ во 1977 година. Со модернизирањето на флотата, Алијансата е обезбедена во оваа област во 2035 година, порача генералниот секретар.
Новиот договор 14 нови авиони и е финансирано од 16 земји-членки на НАТО како и приватни компании од Европа и Северна Америка.
– НАТО од блиску ќе работи со индустријата, ќе разгледуваме како технологиите, како вештачката интелигенција, автономните системи и големите податоци, можат да му помогнат на НАТО да остане на врвот, изјави Столтенберг и посочи дека Алијансата размислува за модернизација на флотата по 2035 година.
Ново на Сител
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак
-
Ќе се кратат нереализирани проекти, ќе се додаваат приоритетни кои ќе се градат со британски пари