-->
-->
Насилно влегол и украл милиони од куќа во Скопје
-->
Во неделата во 20 часот 36-годишниот Д.Т. од населбата Илинден-Скопје пријавил дека во периодот од 26.01.2017 до 28.01.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
Сторителот насилно влегол внатре и по извршеното пребарување во една соба пронашол метален сеф кој насилно го отворил и од истиот одзел 1.200.000 денари, 10.000 евра, 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум парфеми, информираат од МВР.
Во друга соба пронашол и одзел женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари, По што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024