Живот
31. October 2017 - 10:26

НАСА откри ново вселенско тело во Сончевиот систем

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека со телескопот Пан-Старс1 на Хаваи е откриено ново небесно тело широко 400 метри, кое се движи брзо низ Сончевиот систем, но засега не можат да утврдат дали е комета или метеор.

Објектот е откриен на 19 октомври, и е наречен А/2017 У1. Веројатно станува збор за тело кое дошло однадвор од Сончевиот систем. Претставникот на НАСА, Пол Кодас изјави дека тоа би било првиот објект кој влегол во нашиот Систем однадвор по повеќе десетлетија.

- Постоеја теории за небесни тела кои во Сончевиот систем влегле однадвор и продолжиле да се движат. Но, дури сега откривме едно такво. Со децении го чекавме ова!, рече Кодас.

- Долго време постоеја теории дека има такви објекти - астероиди или комети кои доаѓаат однадвор и /или само минуваат низ нашиот Сончев систем, но ова е прва таква детекција. Досега се укажува на тоа дека ова е веројатно таков објект, но потребни се повеќе податоци за тоа да се потврди, додаде тој.