Народни верувања на Огнена Марија: Што треба да правите денеска, а што не?!

Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.
Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник.
Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ свеќи.
Меѓу православните Огнена Марија (која, инаку, во народната традиција е насловена како сестра на Громовникот Илија и Свети Пантелјмон) предизвика посебно стравопочитување.
Тој ден (30 јули по нов, односно 17 по стариот календар) никој не работи бидејќи се смета дека тој ден секоја работа е грешна, дека секој кој тој ден ја прекрши божјата волја, не може да очекува негова милост.
Света маченица Марина е по потекло од Антиохија, се крстила во 12 година и рано останала без мајка, а татко и, кога дознал дека е христијанка ја истерал од дома.
На пат од Антиохија таа го сретнала епархот Олимврија кој тргнал да ги гони христијаните. Бидејќи го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да ја изложат на најлоши маки.
Огнена Марија некои православни семејства ја одбележуваат како света слава. Моштите на оваа светилица почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонд над Охридското Езеро.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
