-->
-->
Направил работа која сите ја правиме додека киваме: Кога ќе прочитате што му се случило со вратот, повеќе никогаш нема да го направите тоа
-->
Кивањето е една од најмоќните работи кои човечкото тело може да го направи, бидејќи во таа прилика од носот и устата излегува воздух со силна брзина. Но многумина се воздржуваат да кивнат, но тоа е погрешно.- Повремено се случува луѓето да ги оштетат синусите ако го задржат силното кивање, вели Рејчел Скели од Америка, кој секогаш советува дека треба да се кивне.
Ако ова не ви е убедлива причина, кога ќе слушнете што се случило на овој 34 годишен Британец , ќе престанете да го задржувате кивањето. Тој имено, го задржал снажното кивање и таа сила која се исфрлала низ уста му го расцепила мекото ткиво во грлото. Целиот случај го објави “British Medical Journal”.
Несреќниот човек немал никакви претходни здравствени потешкотии. И тој кобен ден, почуствувал дека му доаѓа да кивне, па со раката ја покрил устата и го затнал носот.

- Тој секогаш се воздржувал да кивне бидејќи мислел дека не е хигинески да кивне додека некој друг е со него во просторијата. Практично, тој се воздржувал 30 години и повеќе, вели авторот на оваа студија.
И додека несреќникот така се обидувал да го запре кивањето , таа сила морала од некаде да излезе. Бидејќи носот и устаат биле блокирани и излегла низ вратот.
Завршил во болница, на боца за хранење и на антибиотици поради можни инфекции. По недела дена бил пуштен дома.
Заклучок: Никогаш немојте да го заприрате кивањето бидејќи тоа може сериозно да го наруши вашето здравје. И воопшто не е срамота да кивнете во просторија со други луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
