Направи хаос на Клинички: Змија се пикна кај трудниците

Во Клиничкиот центар во Подгорица вчера настана вистинска драма кога на четвртиот кат, на одделението за Гинекологија е пронајдена змија. Биле повикани пожарникари кои дошле околу 16 часот и го фатиле смокот.
Персоналот дознал дека змијата се пикнала во нивното одделение откако еден Подгоричанец кој дошол во посета на пациент, ја забележал во ходникот.
-Излегов од болничката соба во ходник сосема случајно зошто ми заѕвони телефонот. Се шокирав кога во ходникот ја видов свиткана шарената змија. Таа не мируваше долго, туку се упати во блиската просторија, односно библиотеката, чија врата беше отворена. Не можев да верувам во тоа што го гледав. Веднаш потоа ја повикав медицинската сестра, која вреска кога ја виде и повика пожарникари, вели тој.
За среќа пожарникарите брзо дошле и ја фатиле змијата која се скрила под плакарот во библиотеката.
-Змијата со посебна штипка е тргната и ставена во тегла. Станува збор за смок кој не е отровен, велат од пожарникарската служба.
Директорката на Клиничкиот центар Зорица Ковачевиќ вели дека не знае како змијата дошла на четврти кат, но и дека тие брзо реагирале.
-Според моите сознанија, ова е првпат вакво нешто да се слчучи во Клиничкиот центар. Кој знае од каде влегла и каде се била, вели Ковачевиќ.
Ново на Сител
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
-

Сиљановска - Давкова: Од успешноста на правосудните реформи ќе зависи дали нашето судство ќе има сила да каже „не“ кога политиката ќе му каже „да“
-

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
-

Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување
