Македонија
26. February 2016 - 12:22

Драма во позната скопска кафеана: Без повод и причина нападнат, насилник му скршил рака

Вчера околу 14.30 часот во Скопје во угостителски објект С.С. (23) од Скопје, по негово кажување, без повод и причина бил физички нападнат од М.Н. (21). На С.С. му била укажана лекарска помош во УЦ-Скопје, каде му е  констатирана тешка телесна повреда (фрактура на десна рака) и е задржан на понатамошно лекување.

Напаѓачот бил пронајден  и со него е извршен разговор.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.