-->
-->
Нападнати малолетници од Долно Блаце во автобус на ЈСП бр.81
-->
Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа околу 20,50 часот било пријавено дека на автобуската постојка пред село Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) од село Долно Блаце и уште три лица, од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од село Долно Блаце.
МВР денеска соопшти дека екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По настанот, повеќе жители од село Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер