Нападнат полициски службеник од повеќе лица во Чаир, имало и пукање
На 23.05.2022 е пријавено дека околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери.
Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник.
На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Дедо со „рено“ се судри со полициско возило, повредени полицајка и 78-годишникот
-
Загина возач откако со возилото излетал од пат
-
Просечната нето плата во јуни 31.869 денари
-
101.174 лица со право на глас за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово
-
Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување
-
Фрлена бомба во Сараево, полицијата трага по сторителите
-
Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи
-
Големо невреме во Словенија: Ветер од 100 км/ч откорна кров на зграда | ВИДЕО