Напад врз наставник пред еврејско училиште во Марсеј
По нападот врз еден наставник пред едно еврејско училиште во Марсеј, отворена е истрага за „обид за убистви поради религиозни причини“ и апологија на тероризмот, јави дописникот на МИА од Париз.
„Ние знаеме дека станува за јасно антисемитски акт, сериозен акт, направен на само десетина метри од едно еврејско училиште“, изајви префектот на полицијата од Буш ду Рон, Лоран Нунез.
Напаѓачот е 15 годишно лице, најверојатно со психолошки проблеми, тоа успеа да го повреди полесно наставникот кој носеше кипа изутринава во Марсеј, пред да биде уапсено од полицијата.
Напаѓачот е роден во 2000 година, тој усепал да му зададе удари на жртвата пред општината на 9 от арондисман на Марсеј, оставајќи го оружјето на местото на нападот.
Претседателот на Еврејските институции од Франција, Роже Кукиерман изјави дека „шокиран“ и „встаписан“ од нападот со сор врз еврејскиот наставник. Напаѓачот притоа признал дека бил инспириран од џихадисти.
Нападот беше осуден и од премиерот на француската влада Мануел Валс, кој побара да не се попушта пред оние кои го напаѓаат републиканското единство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата