Намалени патните трошоци на пратениците

Пратениците ќе добиваат понизок износ на патни трошоци, со измените на Законот за пратеници, што денеска беа изгласани во Собранието со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“.
Со законските измени наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.
Согласно измените на Законот, на пратениците им се овозможува и надомест за закупнина на стан во Скопје. Конкретно, на пратениците кои живеат подалеку од 100 километри од Собранието, им се остава и можноста за закуп на стан, со право на надомест за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.
Пред гласањето, пратничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и со измените и дополнувањата на Законот повторно се злоупотребува европското знаменце, но додаде дека пратениците од нејзината пратеничка група ќе го поддржат бидејќи им биле прифатени амандманите со кои, како што кажа, се излегува во пресрет на такси превозниците. Во реплика Диме Велковски од СДСМ наведе дека со измените само се врши усогласување со европската легислатива.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
