Намалeн бројот на новозаразени со Ковид-19, болниците се враќаат во нормална работа
Бројот на новодијагностицирани случаи со корона вирусот навистина е мал и тоа се чувствува по притисокот во болниците. Огромен број на ковид-центри се вратени во нормална работа, целата хируршка клиника, добар дел од интерните клиники. Во нормална функција е вратен и Центарот за рехабилитација во Козле и Детската болница во Козле, а веројатно до крајот на оваа недела во нормала ќе се врати целата зграда на интерните клиники.
Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“.
– Капацитетот на исполнетост во болниците ширум државата е некаде меѓу 20 и 30 отсто, што значи дека само во делот на инфективните одделенија или во делот на модуларните, во зависност од организацијата, се третираат ковид-пациенти. Спласнува притисокот, тоа го детектираме и од анализата која произлегува од епидемиолошката ситуација во околните земји, во целиот овој регион има стивнување на состојбата, изјави Филипче.
Министерот Филипче посочи на еден од заклучоците што беше донесен на минатиот состанок на Комисијата за заразни болести, а тоа е дека овие мерки кои се сега во сила, треба да останат со важност до 1 јуни.
Филипче рече дека се уште е во сила препораката за карантин од 14 дена за сите оние патници кои доаѓаат од Африка, Индија и Јужна Америка. Нашите сознанија, како што рече, досега се дека најопасна варијанта на вирусот во моментов е индиската, но засега ниту кај нас, ниту во регионот, ниту во делот на Југоисточна Европа нема некаква најава дека се случува нешто драматично во смисла на влошување на состојбата.
Ново на Сител
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите