Намален бројот на мигрантите во Британија по референдумот за ЕУ

Бројот на мигрантите во Велика Британија, на крајот на март оваа година, изнесува 246 илјади што е помалку за 81 илјада во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на британското Државно биро за статистика.
Станува збор за мигрантите кои останале во земјата, откако од бројот на оние кои влегле на британска територија (имигрантите), се извади бројот на оние кои си замнале (емигрантите).
Проценката на Бирото за статистика е дека ваквиот податок, што доаѓа по референдумот во Британија на кој мнозинството Британци се согласија со Брегзит, е резултат само на намалениот прилив на мигранти од земјите на Источна Европа кои во најголемиот број сега се во ЕУ.
Намалувањето на „нето миграцијата“ се забележува и кај намалениот процент на источноевропејци кои се пријавиле за социјалното и здравственото осигурување при влегувањето во Британија.
Падот се објаснува, главно, со неизвесноста околу идниот статус на државјаните на ЕУ во Британија по Брегзит и на општата несигурност што владее во Британија, за мигрантите од Истокот на Европа, по грубата и често навредлива антиевропска и антиимигрантска кампања на лондонските весници, блиски до владеачките конзервативци.
Овие медиуми и натаму шират омраза и нетрпеливост кон луѓето од Истокот на Европа, прикажувајќи ги најчесто како виновници за сите проблеми на британските социјални фондови, загрозениот јавен здравствен систем, пренаселените училишта и кусокот од станови.
Но се смета дека на намалениот прилив и на зглемениот одлив на дојденци, влијае и слабата фунта чија вредност, главно поради незвесноста околу Брегзит, безмалку е изедначена со еврото, како и забавениот раст на британската економија.
Странците од Источна Европа се изложени на отвореното непријателство и од „обичните Британци„ особено по анти -ЕУ референдумот, што исто така влијае се почестото да се одминува Британија,
Анализите на најновите податоци, меѓутоа, откриваат дека намалената имиграција во изминатата година, е резултат и на подобрениот стадард во земјте од Источна Европа.
Тоа, пред се се однесува на Полска од каде има најмногу Европејци во Британија, како и на Словачка и Чешка, што придонесува мигранти од овие земји, самите да одлучат за враќање во земјите од каде допатувале.
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
