Најстудено во Маврови Анови, Крушево со најмногу снег

Со -5 степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран.
Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, 12 во Ѓуриште, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.
Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28, Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, Струмица и Скопје-Петровец, со 18…
УХМР информира дека утринава во Прилепско има удари од северен ветер и до 40 километри на час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.
За денеска најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи претежно од снег. На југоистокот врнежите од повремен дожд ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно особено попладне со повремен снег. Ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
